„Нема да има реванш со Мекгрегор, зашто Нурмагомедов одби 15 милиони долари!“

Хабиб Нурмагомедов не сака да се бори повторно со Конор Мекгрегор, па наводно одбил понуда од 15 милиони евра.

Мекгрегор побарал реванш и сите се надевале на такво нешто, но очигледно борецот од Дагестан имал други планови.

Вујкото на УФЦ-борецот вели дека Нурмагомедов сака да се бори со Фергусон, а потоа можеби ќе се повлече.

„Хабиб не го интересира Конор. Нема да се бори со него и покрај тоа што му понудија 15 милиони долари“, кажа Алекс.

Борбата помеѓу Нурмагомедов и Тони Фергусон е закажана за во пролет.