Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови? ↓↓↓
Поранешниот фудбалер на Вест Бромвич Албион, Виктор Аничебе му порача на поранешниот соиграч Стефан Сесењон дека му должи 10.000 фунти.
На Инстаграм објави приказна дека Сесењон му должи пари и испрати грди зборови кон него.
„Бараше да му позајмам 10.000 фунти. Го бркам долго време поради тој долг, но не ми одговара на повиците и пораките. Дури позајмил иста сума од Јусуф Мулумбу и него не му ги вратил парите. Глуми богаташ, а позајмува пари и не може да ги врати“, напиша Аничебе.















