Збогум легендо, уште едно злато за крај на една голема кариера


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Најдобриот пливач во историјата, Мајкл Фелпс на величанствен начин ја заврши својата пливачка кариера. Освои 23 златни олимписки медали во кариерата овој пат пливајќи ја штафетата 4х100 метра мешано на ОИ во Рио.

Фелпс пливаше трет, после Рајан Марфи и Коди Милер а после него за злато исплива Нејтан Едријан.

Американците поставија и нов олимписки рекорд во оваа дисциплина бидејќи испливаа за 27 секунди и 95 стотинки.

Среброто го однесе Велика Британија, додека бронзата замина кај Австалијанците.