Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
УЕФА денес соопшти меѓу кои два кандидати ќе се бира домаќинот на финалето од Лигата на шампионите во 2021 година.
Градовите кои може да бидат домаќини на финалето во Лигата на шампионите во 2021 се Минхен и Санкт Петерсбург.
Градовите своите кандидатури мора да ги предадат до 15 февруари 2019 година, а УЕФА ќе ја донесе одлуката во мај или јули.
Во мај 2019 година „Ванда Метрополитано“ ќе биде домаќин на годинешното финале од ЛШ, а домаќин во 2020 година ќе биде стадионот „Ататурк“ во Истанбул.