Кавани доби две неверојатни понуди, но постои еден проблем!?

Напаѓачот на ПСЖ, Едисон Кавани доби две понуди за продолжување на својата кариера, но очигледно потои еден проблем.

Француските медиуми пишуваат дека Кавани во своите редови го посакуваат Реал Мадрид и Атлетико Мадрид и дека двата клуба ќе се обидат да го ангажираат Уругваецот.

Кавани, меѓутоа, нема намера да го напушти ПСЖ. Тоа досега неколку пати го кажа и јавно, но наводно клубот е подготвен да го продаде за да ослободи повеќе финансии.

Понудите од клубовите од Мадрид се испратени, а Кавани го гледаат како идеално решение за нападите на своите екипи.

Уругваецот е член на ПСЖ веќе шеста сезона, а стигна од Наполи во 2013. година и тогаш со 64 милиони евра беше шести најскап фудбалер во светот.