Буфон: Среќа, па Црвена Звезда ни помогна…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Легендарниот италијански голман, Џанлуиџи Буфон синоќа првпат бранеше во Лигата на шампионите во дресот на ПСЖ.

Мечот е завршен со резултат 1:1, што никако не би им било од корист на Парижаните, ако во терминот порано Црвена Звезда не го совладаше Ливерпул со 2:0. Вака, се уште се е отворено.

„Реми не значи крај во Лигата на шампионите, особено по мечот во Белград. За наша среќа, Црвена Звезда го совлада Ливерпул. Ни помогна, бидејќи тој резултат ни кориси и нам и на Наполи. Важно е да не изгубиме во Белград на последниот меч“, истакна Буфон и додаде:

„Поразот на Ливерпул во Белград потполно ја оживеа неизвесноста во оваа група. По мене клучен ќе биде мечот со Ливепул во Париз, а убеден сум дека ќе победиме. Судбината е во нашите раце“.

Во групата Ц, Ливерпул има шест, Наполи и ПСЖ по пет, а Звезда четири бода.