Мурињо купува нов „автобус“: Јунајтед заинтересиран за дефанзивци од Атлетико, Челси, Фиорентина…


Тен Хаг замина, во Манчестер журка! ↓↓↓


Тренерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо, реши во јануари да ја реновира одбраната, а како главни желби има фудбалери од Атлетико Мадрид, Интер, Челси и Фиорентина…

Англиските медиуми пишуваат дека Диего Годин би можел да се пресели на „Олд Трафорд“ за сума од 20 милиони евра, додека Милан Шкрињар вреди четири пати повеќе, па тешко дека „црвените ѓаволи“ ќе го ангажираат него.

На листата со желби се и Тоби Алдервејрелд и Гери Кејхил, но најверојатно ќе пристигне неговиот поранешен ученик од „Стемфорд бриџ“, но исто така ќе се обиде да го купи и Никола Миленковиќ од Фиорентина.

Португалецот е подготвен да купи тројца дефанзивци бидејќи неговата одбрана во моментов не функционира како што треба, односно „автобусот“ не успеа да ја зачува мрежата на повеќе од три натпревари.