„Наполи ме казнуваше, директорот ме тепаше и ми зборуваа дека сум мртов за нив“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Поранешниот  фудбалер на Наполи, Џонатан Де Гузман, откри што му правеле на Сан Паоло, а тоа воопшто не е добро.

Де Гузман во моментов игра за Ајнтрахт Франфкурт, но својата приказна за животот во Неапол го шокираше фудбалскиот свет. Тој вели дека во март 2015 година почнал да чувствува чудна болка во стомакот, а кога заминал кај клупскиот лекар Алфонсо Де Никола, му бил препорачан одмор.

Тогашниот тренер Рафаел Бенитез му кажал да оди на друг доктор, но клубот инсистирал тоа да биде Де Никола. Иако Де Гузан се чувстуввла лошо, докторот му кажал дека е подготвен да игра.

„Јас сум фудбалер, кој трча по 10 км на натпревар, но ако истрчам само шест, тогаш тренерот нема да ме сака во тимот. Наполи не ми веруваше дека сум повреден, можев да одам и да трчам, но не да се движам и шутирам како што сакам. Мислеа дека измислувам и дека тоа ми е само во мојата глава. Тоа беше навистина болно“, кажа Де Гузман.

Фудбалерот имал физичка пресметка и со новиот директор на Наполи.

„Бев во соблекувалната кога почна да ме навредува директорот и ме удри во лице. Полудев и тргнав да се тепаме. Потоа мојот соиграч Ѕунига успеа да ја прекине тепачката. Ми кажа да си ги соберам работите и да заминам дома“, објаснува фудбалерот.

Подоцна се обидувал да му се јави на претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, а кога немало одговор, тогаш зборувал со неговиот син Едуардо.

„Едуардо ми кажа да не одам никаде и дека за нив сум мртов. Мислев дека сум целосно згубен, а фудбалерите не ми помогнаа. Сакав сам да тренирам, но каде би заминал?“, го раскажува хоророт Де Гузман.

Откако добил дозвола по неколку месеци да замине кај друг доктор било констатирано дека има спортска херника и предложена му била операција, но повторно клупскиот доктор го одбил тоа. Де Гузман со менаџерот потоа заминал во Данска.

„Им требаа само 10 минути за да сфатат дека тоа е хернија и дека ми треба операција. Но, Де Никола повторно кажа дека не е потребно такво нешто и дека не сакал да биде тој, кој ќе ми ја уништи кариерата. Се вратив во 2016 година и Маурицио Сари ми кажа дека морам да се докажам. Тој е добар тренер. Сепак, постојат неколку луѓе во Наполи, чиј третман не беше хуман“, се пожали фудбалерот на Франфкурт.

Дури кога се преселил во Карпи морал да оди на операција, а играше и за Киево, па сега ужива во фудбалот во Германија.

„Наполи е мрачен дел од мојата кариера и сакам да го оставам во минатото. Многу го сакам фудбалот и ќе се обидам да постигнам уште некој успех“, објасни Де Гузман.