Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Нероаѕурите“ се воодуешевени. Се посилни се шпекулациите дека некогашниот оперативец на Јувентус, Бепе Марота би можел да стане нов функционер на Интер.
Италијанците тврдат дека практично се е готово, и дека клубот веќе ја подготвил листата на засилувања за која смета дека ќе го подигне клубот на повисоко ниво.
Сега изгледа се е јасно бидејќи Кориере дела Сера открива дека Марота веќе се наоѓа во Кина за да оддржи неколку состаноци со лидерот на Сунинг групацијата, Жанг Јиндонг.
Секако, прва тема ќе биде неговото пристигнување во Милано, а потврдата за тоа би требало наскоро да пристигне.
Кога тоа ќе биде готово, тој ќе се обиде заедно со Пјер Аузилио да ја пронајде добитната формула и сериозно да го загрозат италијанскиот шампион, а прва одлука е Интер да го продаде Бразилецот, Габигол, кој не покажа ништо во црно-плавиот дрес.
Напаѓачот ќе го напушти клубот, откако ќе се врати од позајмица во јануарскиот преоден рок.