Клоп и денес страда: Нема изговор за она во Белград…


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Интернационалната пауза заврши, Ливерпук во сабота гостува кај Вотфорд во рамки на Премиер лигата. „Црвените“ пред паузата славеа против Фулам со 2:0, но и натаму во глава им стои поразот од Црвена Звезда од 2:0 во Лигата на шампионите.

Доказ за тоа е и конференцијата за медиумите на која присуствуваше тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп. Тој во најавата за мечот го опфати и поразот од „Маракана“.

„Изминатата година во ова време немавме 20 добри натпревари. Изгубивме од Тотенхем во октомври.Во Лигата на шампионите летавме, тоа е вистина. А за она во Белград немаше изговор. Тоа едноставно беше лош меч. И против Наполи не беше добар мечот. Тоа беа два дена кога не бевме така добри, тоа е точно. Во сите останати бевме силни. Игравме против ПСЖ. Се е добро. Ми се допаѓа сезоната. Имаме уште доста време за напредок“, истакна Клоп на конференцијата за медиумите.

Клоп генерално е задоволен како изгледа неговиот тим и не сака да изговара тешки зборови на нивна сметка.

„Можеме да напредуваме, мораме и сакаме. Но, помеѓу нашиот најдобар фудбал и сега мораме да ги добиваме натпреварите. Така е како што и досега работевме. Апсолутно нема причина за критика според момците, работат навистина добра работа. Многу работи се подобри од изминатата сезона. Одбраната е подобра, прекините се подобри, многу сме зрели во натпреварите, ги водиме натпреварите кон подобар начин. Многу работи се подобри“, вели Клоп.

Ливерпул во Премиер лигата досега има 30 бодови и се наѓа на втората позиција зад Манчестер Сити.