Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
„Калчомеркато“ пренесува дека двата клуба од Милано, Интер и Милан се заинтереисрани во своите редови да го донесат хрватскиот интернационалец и член на Евертон, Никола Влашич.
Помладиот брат на познатата Бланка Влашич во моментов игра на позајмица во ЦСКА Москва каде на 15 натпревари има постигнато пет гола и додадено уште две асистенции.
Влашиќ добро ја започна авантурата во Евертон, но потоа не добиваше многу шанса, по што се реши да се пресели во Русија. Тоа се покажа како исправен потег затоа што по неговите настапи во ЦСКА го привлече вниманието на гигантите од Серија А.