Младо момче е голема желба на Барселона (ВИДЕО)


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Барселона следи еден од најталентираните фудбалери во овој момент, а станува збор за Гонзало Плата, фудбалер од Еквадор.

Станува збор за крилниот фудбалер на Индепендиенте и има само 18 години, но веќе покажа дека има голем квалитет.

„За неколку години се гледам себе во најголемите клубови во Европа. Секогаш сакам да бидам меѓу најдобрите. Ова се шпекулации, но беа скаути и им се допадна мојата игра“, кажа Плата.

Неговиот менаџер кажа дека имал многу повици од Европа во последните недели и дека би можеле наскоро да се преселат во некој гигант, а Барселона е еден од нив.