Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Новиот трофеј на Интер Франк Де Бур интезивно пробува да го воведе својот стил до почетокот на сезоната, а во разговор за Газета дело Спрот објасни како му оди, и повтори како дојде до соработка со Интер:
„Клубот ми се обрати преку менаџерот, неколку недели пред што потишав. Прифатив, одма се заинтересирав за проектот на Интер. Кога размислуваш за италијански фудбал, на ум ти паѓа Јувентус, Интер и Милан. Двата милански клубови имаа големи холандски играчи: Интер, Јонк, Бергкамп…а Милан Ван Бастен, Рајкард и Гулит. И јас сакам да бидам дел од голема, убава приказна“.
Но, италијанскиот фудбал во однос на тоа време падна…
„Во последните две-три години италијанскиот фудбал напредуваше, сега се размислува за тоа што има да се понуди. До неодамна, се играше без ризик, сега сепак филозифијата е подруга.
Не само таа од Јувентус веќе и целата лига. Повеќе не е главна задача цврстата одбрана, а напред играат еден или двајца. Сега сепак целата екипа е во нападот и не е случајно што Јуве стигна до финалето на ЛШ“.
Од Херера до Мурињо, Интер беше беше контрашка екипа…
„Нема да ја менуваме историјата на Интер, но чекор по чекор можеме да напредуваме на многу полиња. Мораме да нападнеме и да браниме се заедно. Па и кога сте уморни, можете да се повлечете и да играте на контра. Сепак, сигурно нема целата екипа да се брани и остават двајца напаѓачи горе па нема се „снајдат“!.
Во Барселона во 1999 година игравте под Ван Гал, Мурињо и Роналд Куман, а соиграчи ви беа Пеп Гвардиола и Луис Енрике. Дали тогаш се видовте како тренер?
„Не, не, хаха! Тогаш не сум размислувал за тоа, ми се чинеше дека таа улога е со преголем притисок, а сигурен сум дека би се посрал од стрес“.
Па кога одлучивте да станете тренер?
„Во Турција, додека бев во Галатасарај. Имав 32, 33 години и почнав подруго да размислувам за фудбалот, студиозно. Знам дека никогаш нема да го водам Галатасарај како тогаш Терим, не ми се допадна неговиот начин на водење, а на теренот многу зборуваше. Размислувањата на Терим се многу подруги од моите. На тренинг, да речеме игравме два на два на терен од 50 метри. Никогаш не сфатив зошто, ми се чинеше дека е апсурдно, и тогаш се одлучив дека како тренер ќе работам спротивно“.,
Каков фудбал игра тимот на Де Бур?
„Играат сите 11 играчи, организација и единството е тоа што прави разлика. Поединецот може да донесе победа, но екипата освојува трофеи. Напаѓачите мора да учествуваат и во одбранбените задачи. Па Риналдо во ПСВ постигна 30 голови, но ништо не освои! Истотака, ако некој се повреди, мора да се пронајде замена за квалитетно да не падне. Кога тоа го постигнете, тогаш сте екипа“.
Како вашата омилена формација 4-3-3 ќе помине во Италија?
„Точно е дека преферирам 4-3-3, но можеме лесно да ја претвориме и во 4-2-3-1. Нема ништо лошо во промена, секогаш мораме да ги пронајдеме слабите точки на ривалот“.
„Ќе го видите мојот Интер за четири месеци. Во јануари ќе знаеме на што сме. Мојот штаб и јас допрва дојдовме, мораме сега да внимаваме и на интезитетот на тренинг бидејќи ја променивме филозофијата.
Ако не го задржиме високото ниво на спремност, за месец дена може да имаме многу повреди. Се сеќавам како Клоп после што го превзеде Ливерпул во јануари и одма почна да го наметнува енергетскиот стил од Борусија, и заврши со девет повреди. Некогаш е подобро да се забави“..
Може ли Суарез да стигне до славата на Суарез?
„Мауро има само 23 години и многу постигна. Секон ден мора да напредува и да внимава на исхраната. Тоа е исправен пат, дури ни Меси никогаш не прекинува да бара што може подобро. Еден ден кога ќе помислиш дека си го достигнал врвот, готов си! Икарди има одлично движење, некогаш треба да играте едноставно, за доброто на тимот. Видов кај него голема енергија, среќен е и кога асистира…Но, само да игра за екипата и да постигне многу голови“.
Банега? Може да игра се! Интелигентен е, одличен е малку позади Икарди, но и како режисер на играта. Во средина успеа да го чува дури и Иниеста додека играше во Шпанија. Играчи како него, Кандрева и Перишиќ се клучни бидејќи сакам играчи кои знаат со топка“.
Дали Јувентус е пресилен за конкуренцијата во Италија?
„Одлична екипа, многу се дигна, мораме да видиме како ќе и се спротивставием во средниот ред..но не сум сигурен дека се посилни отколку во минатата сезона! Да, дојдоа големи промени, но допрва ќе видиме дали ќе стане силна екипа“.
А која е целта на Интер?
„Да избориме Лига на шампионите., А ќе биде тешко, бидејќи Рома, Наполи, Лацио, Фиорентина и Милан заслужуваат почит“.
Наполи го доведе Милик, од школата на Ајакс, наместо Игуаин…
„Тој може да успее овде, вистински напаѓач е, повеќе му одговара стилот 4-4-2, во 4-3-3 може да има проблеми, но млад е и може да напредува. Но, само да е побрз, ќе чини повеќе од Игуаин…