Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Португалскиот напаѓач Кристијано Роналдо застана во одбрана на дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали по синоќешниот меч меѓу Интер и Наполи.
Да потсетиме, Кулибали синоќа беше навредуван на расна основа од страна на навивачите на Интер, а тренерот на Наполи, Карло Анчелоти по мечот порача дека ќе ги извади фудбалерите од теренот доколку се повтори нешто слично.
Во одбрана на Сенегалецот застана Роналдо, кој се огласи на социјалните мрежи.
„Секогаш сакам едукација и почит во животот и фудбалот. Велам НЕ на расизмот и на секој друг тип на дискриминација“, вели Португалецот.
Ова е убав гест од страна на Роналдо, кој и во минатото знаеше да даде поддршка на колегите.