Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ливерпул во саботното дерби со Арсенал влегува со шест бодови предност пред второпласираниот Тотенхем и со голема шанса е оваа сезона конечно да ја освои титулата.
Тимот на Јирген Клоп уште не загубил во првенството, а фантастично делува одбраната која прими само седум погодоци. За тоа е најзаслужен Вирџил ван Дајк, но и Дејан Ловрен игра се подобро, а во изминатото коло против Њукасл го постигна погодокот за водство.
„Доведовме многу играчи и на почетокот се беше доста збунувачки, како слагалица која треба да се сложи. Но, сега се е на свое место и имам чувство дека ова е совршен тим“, истакна Ловрен пренесува Дејли Меил.
„Досега секоја сезона нешто ни недостасуваше, но сега имаме се. Но, тоа ништо не значи. Сити има фантастичен тим, нема овде лесни противници. Па и тој Њукасл кој го добивме со 4:0 е опасен. Не можеш секого да добиеш со 4:0, ние и на тренинзите не славите меѓусебе со таков резултат“, заклучи.