Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Екипата на Мекларен го ангажираше поранешниот шеф на Порше во Светскиот шампионат на издржливост, Андреас Зајдл за нов генерален директор.
Англискиот тим имаше големи промени по разочарувачкиот старт на минатата сезона, а првиот човек Зек Браун реши да го „украде“ Зајдл.
Зајдл стигнува по успешниот период кој го помина во Порше и големиот успех на Светскиот шампионат на издржливост и трката „24 часа Ле Ман“.
Од Мекларен најавија дека Зајдл ќе се приклучи на тимот во текот на 2019 година. а, доколку останеше во Порше, Зајдл ќе преземеше целосна контрола врз активностите во компанијата.
„Ова е голема привилегија и предизвик, за што сум целосно подготвен и посветен. Имам шанса да помогнам во создавање на нов успех. Мекларен е посебна чест и инспирација. Тие имаат визија, лидерство и искуство“, кажа Зајдл.
McLaren Racing has appointed Andreas Seidl as managing director of our @F1 team. ?
Find out more ➡️ https://t.co/k5EiiP3Q9K pic.twitter.com/631n8zzStY
— McLaren (@McLarenF1) January 10, 2019