Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Странските медиуми пишуваат дека шпанската полиција уапсила дури 83 лица затоа што се обвинети дека учествувале во местење натпревари на Фјучерс и Челенџер турнири.
Од 83 лица, дури 28 се тенисери, а во текот на кариерата се натпреварувале само на споменатите турнири.
Странските медиуми пишуваат дека бил уапсен и еден тенисер, кој минатата година играл на Ју-Ес Опен. Инаку, се сомнева дека била наместени дури 97 натпревари.
Организатор на тоа била криминална група од Ерменија, која давала мито на тенисерите за да влијае на резултатот на натпреварите.
На таков начин оствариле финансиска добивка, а за да бидат сигурни дека ќе биде во ред резултатот, некои членови на групата присуствувале на натпреварите.
Во текот на акцијата, шпанската полиција запленила 167.000 евра, повеќе од 50 електронски уреди, кредитни картички, пет луксузни автомобили и пушки.