Адеми на радарот на два премиерлигаши и екипа од Ла Лига!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми се наоѓа пред заминување од Динамо Загреб, а за неговите услуги се заинтересирани два премиерлигаши и еден тим од Ла Лига.

Валенсија е загреана за Адеми и планира да испрати понуда до Загреб за услугите на македонскиот фудбалер, но засега не е познато дали Динамо е подготвен да го продаде искусниот играч.

Адеми привлекол интерес и од два премиерлигаши, па останува да видиме кој ќе биде најупорен во обидите да го добие неговиот потпис.