Адеми: Немаме што да загубиме против Сити, а токму тогаш сме најопасни!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Динамо Загреб вечерва ќе гостува кај Манчестер сити во второто коло од Лигата на шампиони, а македонскиот репрезентативец Аријан Адеми се надева на добар резултат на гостувањето во Англија.

Тренерот на хрватскиот тим, Ненад Бјелица вчера порача дека тие имаат победнички менталитет и се надеваат на добар резултат, па можеби и триумф на „Итихад“.

Тоа што го кажа тренерот, го потврди и Адеми, кој порача дека не се плашат од „граѓаните“, иако тие се една од најсилните екипи во светот.

„Мирен сум целосно. Знаеме против кого играме и што треба да очекуваме. Одиме опуштено, зашто нема што да загубиме, а кога човек нема што да загуби, тогаш е најопасен. Сити е совршен тим и има фантастични фудбалери, но ниту еден од нив не би земал во Динамо, зашто им верувам на соиграчите“, порача Адеми.