Адеми: Повредите нема да ме спречат, навивачите ми даваат сила (Видео)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми вчера заигра за Динамо Загреб и во завршницата од мечот постигна победа за 2-1 против Риека, а тие три бода може да значат и титула за тимот ако остане ваква ситуацијата до крајот.

Динамо Загреб направи чекор кон титулата, а Адеми кажа дека повредите нема да го спречат да го даде максимумот на теренот.

„Нема да ме спречат повредите, поддршката од навивачите ми дава сила да го дадам најдоброто. Победата ни значи многу затоа што се бориме за титулата и секој бод е важен. Очекуваме тешка борба до крајот и уште неколку тешки дуели. Никој нема право на кикс“, кажа Адеми.

Динамо Загреб има 63 бода, односно два повеќе од второпласираниот Осиек, но има одиграно и еден натпревар помалку.