Адеми се сели во Кина!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми блесна на дербито меѓу Динамо Загреб и Хајдук Сплит и постигна еден гол и една асистенција.

Адеми минатиот месец бараше трансфер, иако Динамо не сакаше да го продаде, но сега хрватските медиуми пишуваат дека македонскиот фудбалер ќе си замине од клубот.

Следна дестинација на Адеми во кариерата треба да му биде Кина од каде што пристигнала милионска сума, а засега не се открива името на клубот.

Динамо е во завршни преговори за трансфер и се очекува во следните денови да го продаде Адеми.

Тренерот на шампионот, Анте Чачиќ не сакаше да откри повеќе детали за трансферот.