Адесања ја освои титулата откако брутално го нокаутираше Переира (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Израел Адесања ја врати титулата во средна категорија на УФЦ 287 откако го победи Алекс Переира со брутален нокаут во втората рунда од борбата.

Двајцата борци беа внимателни во првата рунда и немаа посебни напади, но потоа Переира ја презема иницијативата и го нападна Адесања, кој со два силни удари го „патосира“ ривалот.

Адесања претходно го запиша својот единствен пораз од Переира, а сега конечно ја дочека одмаздата.