Адетокумпо со глава удри кошаркар на Бостон (Видео)


Што ќе се случува во последното коло во Серија А, Ла Лига и Лига 1 ↓↓↓

Милвоки бакс доживеа дебакл против Бостон селтикс (99-140), а тоа предизвика нервоза кај најдобриот тим на Истокот во НБА-лигата.

Танасис Адетокумпо, братот на еден до најдобрите во лигата Јанис, се скара со Блејк Грифин и потоа го удри со глава по што беше исклучен.

Инцидентот се случи пред самиот крај на натпреварот, а наскоро ќе биде познато дали ќе биде изречена дополнителна казна за Танасис.