АДСДП демантира: Головите не беа пониски, ги сменивме по барање на Мурињо!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Откако сите светски медиуми објавија дека Жозе Мурињо побарал да биде променет еден од головите на Националната арена „Тодор Проески“, пристигна и демант од АД за стопанисувње со станбен и деловен простор.

Тие соопштија дека обвинувањата не се точни. Тие ја корегирале висината, но двата гола биле во рамките на правилата на УЕФА.

„Димензиите на рамките на головите беа во рамки на УЕФА правилата, односно делегатот на УЕФА и судиите констатираа дека се во рамки на дозволеното отстапување. По реакцијата на тренерот на Тотенхем, во интерес на натпреварот , висината на двата гола веднаш беше минимално коригирана. На официјалната интернет страница на екипата на Тотенхем не само што немаше какви било забелешки за условите за игра, туку сите објави беа во насока на пофалби за одличната организација на натпреварот и условите за игра “, соопштија од АДСДП.