Агентот на играч на Арсенал порача дека тој сака да си оди од клубот


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Лукас Тореира сака да си замине од редовите на Арсенал и да се врати во Италија ова лето.

Ваквите вести ги потврди агентот на Тореира,  Пабло Бентанкур кој изјави дека Тореира не бил во добро расположение во Англија.

„Лукас не беше во добро расположение поради некои технички разлики, но потоа тој се навикна. Сепак, следуваше повредата,за среќа помалку сериозна отколку што се очекуваше.

Денес е целосно опоравен и верувам дека ќе биде достапен на трансфер пазарот. Ќе мора да зборувам со Арсенал. Играчот сака да си оди и да се врати во Италија, но мора да се признае дека Арсенал се однесуваше кон него многу добро“ –изјави Бентанкур.