„Агентот“ Рудигер се надева ќе има среќа и со Хаверц: Со Тимо успеав…


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Фудбалерот на Челси и германски репрезентативец, Антонио Рудигер неодамна изјави дека го убедил Тимо Вернер да потпише за клубот од Лондон.

Сега играчот истакна дека се надева дека ќе го стори истото и со Каи Хаверц кој подолг период се поврзува со трансфер во тимот на Челси.

„Се помина добро со Тимо Вернер, па јас придонесов за неговиот трансфер. Сега се надевам дека ќе помогнам повторно“ –изјави Рудигер.

Трансферот на Каи Хаверц од Баер Леверкузен во Челси е пред реализација откако „сините“ се согласиле да платат сума од околу 100 милиони евра за услугите на Хаверц.