Ајакс на генијален начин го испрати Де Јонг во Барселона (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Неверојатен потег направи Ајакс, а такво нешто не се памети досега. Ниту еден клуб не се простил од својот фудбалер на начин на кој тоа го направи гигантот од Амстердам.

Френки де Јонг, најдобриот млад фудбалер за врска во светот, по четири години од Ајакс се пресели во Барселона за 75 милиони евра, па така стана најскап фудбалер на Холандија во историјата.

Трансферот беше договорен уште во есен, а сега е реализиран. Ајакс невидено господски се прости од Де Јонг, за кој се очекува во следните десет години да биде носител на играта на Каталонците.

Во сите каталонски медиуми Ајакс резервраше фотографија со насмеаниот Де Јонг и порака: Барселона, уживај во него како што ние го правевме тоа досега. Френки, ти посакуваме само најдобро!