Ајнтрахт му пресуди на Ковач, па му упатија порака преку социјалните мрежи


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Нико Ковач од вчера повеќе не е тренер на Баерн Минхен откако челниците на клубот се решија да му го раскинат договорот по катастрофалниот пораз од 5:1 против Ајнтрахт Франкфурт.

Тешкиот пораз кој му го нанесе тимот од Франкфурт на „баварците“ значеше крај за Ковач на клупата на Баерн Минхен.

Нико Ковач пред да дојде во Минхен беше тренер токму на Ајнтрахт Франкфурт каде го освои германскиот куп што беше прв трофеј заовој тим од 1988 година.

„Овде во Франкфурт, твојата ѕвезда сјае посветло отколку на југ, Нико. Ќе го пронајдеш својот пат, тренеру освојувач на купот“ –напишаа на официјалната страна на Ајнтрахт Франкфурт.