„Ако некој може да стане шампион со Ферари, тоа е Хамилтон!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Луис Хамилтон реши да потпише договор со Ферари, кој ќе важи од 2025 година, а неговиот поранешен тимски колега Валтери Ботас имаше само пофални зборови за Британецот.

Ботас призна дека е изненаден од одлуката на Хамилтон, но смета дека може да му ја донесе шампионската титула на италијанскиот тим.

„Мислам дека тоа е добро за него. Сигурен сум дека ќе биде многу возбудлив проект за него за да се обиде да стигне до врвот со Ферари. Ако некој може да биде шампион со Ферари, тогаш тоа е Хамилтон“, кажа Ботас.

Хамилтон потпишал повеќегодишен договор со Ферари, но засега не се откриваат детали.