„Ако Погба вреди 120 милиони, колку е тогаш цената на Пол Сколс“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Трансферот на Пол Погба во Манчестер Јунајтед сеуште не е готово работа, но се е јасно дека францускиот фудбалер ќе се приклучи на Црвените ѓаволи до почетокот на новата сезона.

Но, не мислат дека сите Пол Погба е идеален фудбалер за Манчестер Јунајтед, посебно после што е договорена неговата цена од 120 милиони евра.

Такво мислење има и легендарниот уругвајски фудбалер Диего Форлан кој играше за Манчестер Јунајтед и јавно потврди д ека е голем навивач на тој клуб. Имено, Форлан смета дека цената за Погба е страшно висока, и дека ја надминува неговата вистинска вредност.

Освен тоа што рече дека Погба е прескап, Форлан во истата речена успеа да го пофали и својот некогашен тимски колега Пол Сколс.

„Ако Пол Погба вреди 120 милиони евра, замислете само колку пари ќе требаше да дадат во тој период за Полс Сколс да го облече дресот на Манчестер Јунајтед“, се прашува Уругваецот.