Ако Реал Мадрид не го донесе Погба – ќе тргне по ѕвезда на Ајакс!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид планира да го ангажира Пол Погба од Манчестер јунајтед, но тие имаат и резервен план во случај да не го ангажираат Французинот. „Кралевите“ како алтернатива го гледаат Дони Ван де Бек од Ајакс.

Ајакс би можел да остане без уште еден суперталентиран фудбалер, а по Френки де Јонг, кој ќе се пресели во Барселона, сега и Ван де Бек би можел да ја смени средината.

За трансферот на францускиот фудбалер долго време се шпекулира, откако се врати Зинедин Зидан во Мадрид, но уште ништо не е сигурно.

Ван де Бек има 21 година и во актуелната сезона е важен дел од тимот на Ајакс. Тој постигна два важни гола во Лигата на шампиони – еден против Јувентус во Торино, а вториот против Тотенхем во Лондон.

Се шпекулира дека цената, која ќе ја плати Реал, ќе изнесува 60 милиони евра.