Алармот се вклучи во Минхен: Салихамиџиќ го кажа своето, но има „непослушни“ ѕвезди


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Германскиот гигант Баерн Минхен по репрезентативната пауза доживеа неочекуван пораз на гостувањето кај Аугсбург со 1-2.

Секој пораз вклучува аларми во Баерн, меѓутоа баварскиот гигант има и одредени проблеми надвор од теренот.

За Баерн настапуваат четири невакцинирани фудбалери, а тоа се Кимих, Гнабри, Мусала и Чупо-Мотинг. Интересно е тоа што им е забранет влез во хотелот, каде што беа сместени пред гостувањето.

Хасал Салихамиџиќ им порача на фудбалерите дека треба да се вакцинираат, како што го направил тоа и самиот.

„Секогаш се случува нешто, треба да го извлечеме најдоброто од овие проблеми“, кажа Салихамиџиќ.

Критика на сметка на дел од фудбалерите уште во четвртокот испрати и тренерот Џулијан Нагелсман.