Алегри има еден куп понуди: Италијанецот може да бира меѓу Германија и Англија

Италијанскиот новинар Бруно Лонџи откри дека Баерн Минхен ќе го вработи поранешниот тренер на Јувентус, Масимилијано Алегри.

Според неговите информации, Алегри бил блску до потпис на соработка со баварскиот гигант, а таму ќе го замени хрватскиот тренер Нико Ковач.

Ковач постојано се поврзува со заминување од Минхен, иако ја освои шампионската титула, а ќе има шанса да го освои и германскиот Куп.

Алегри покрај Баерн, наводно, има три понуди од Премиерлигата. Со Италијанецот се поврзуваат Манчестер јунајтед, Челси и Тотенхем, зашто лесно може да се случи некој од тие тимови да остане без тренер.