Алегри: Потпишав договор со Реал Мадрид, но…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанскиот тренер Масимилијано Алегри се врати во Јувентус, но е далеку од битката за титулата, па се очекува следното лето да добие засилувања со кои ќе го врати клубот на тронот во Серија А.

Алегри призна дека потпишал преддоговор со Реал Мадрид, но морал да го раскине и да го изневери Флорентино Перез, затоа што Андреа Пирло добил отказ од Јувентус.

„Имав потпишано договор со Реал Мадрид, но потоа Пирло доби отказ и јас му се јавив на Перез да му кажам дека нема да го преземам неговиот тим. Сакав да останам во Торино затоа што тука е син ми“, вели Алегри.

Во моментов на чело на Реал Мадрид е Карло Анчелоти, кој одлично го предводи клубот.