Алегри смета дека Рома е вистински тим за Дибала, а објасни и зошто!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри кажа дека Рома е вистински тим за Пауло Дибала, откако аргентинскиот репрезентативец вчера официјално потпиша договор за клубот од Рим.

Аргентинецот си замина од Јувентус летово откако му заврши договорот, по што преговараше со Интер, но на крајот заврши во Рома.

„Верувам дека тоа е вистински клуб за него и му посакувам среќа. Тој е фудбалер кој даде многу за Јувентус и мислам дека лесно ќе се прилагоди во Рома“, кажа Алегри.

Дибала во 2015 година потпиша за Јувентус на крајот на првата сезона на Алегри како тренер на „Старата дама“, а ја освои двојната круна.

Аргентинскиот фудбалер се очекува да биде големо засилување за екипата на Жозе Мурињо, која минатата сезона ја освои Конференциската лига.