Алиоски го напушта Ал-Ахли и се сели во Турција?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски пред неколку месеци го напушти премиерлигашот Лидс и го засили Ал-Ахли, но очигледно таму нема да остане долго.

Алиоски повторно се поврзува во турските медиуми со трансфер во Турција, а овој пат екипата која е заинтересирана за него е Трабзонспор.

Левиот бек се поврзуваше со трансфер во Турција и кога заминуваше од Лидс, но тогаш македонскиот фудбалер ја избра Саудиска Арабија.

Ал-Ахли би можел да го продаде Алиоски, но само на тим кој ќе понуди три милиони евра за македонскиот репрезентативец.