Алиоски се повреди, Лидс загуби и се оддалечи од директен пласман во Премиер лигата

Македонскиот репрезентативец Џани Алиоски на натпреварот против Брендфорд претрпе повреда поради која мораше да го напушти теренот.

Алиоски се повреди во 11. минута кога незгодно падна и веднаш беше изваден од игра.

Инаку, неговиот Лидс претрпе неочекуван пораз од 2:0, и со победата на Шефилд сега фудбалерите на славниот англиски клуб дополнително си ја отежнаа работата во походот кон директен пласман во Премиер лигата и истиот веројатно ќе го бараат преку доигрувањето.