Алиоски заминува од Лидс: Премиерлигашот најде замена во Реал Мадрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот фудбалер Езгјан Алиоски најверојатно ќе го напушти Лидс, а премиерлигашот веќе работи на ангажирање негова замена.

Лидс планира да го купи младиот шпански репрезентативец Мигел Гутиерез, кој настапува за вториот тим на Реал Мадрид.

Гутиерез има откупна клаузула од 35 милиони евра, но најверојатно Лидс ќе се обиде да ја намали цената на талентираниот фудбалер, кој уште не доби шанса во првиот тим на „кралевите“.