Алкараз и Надал заедно ќе се борат за златен медал на ОИ во Париз


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Шпанските тенисери Карлос Алкараз и Рафаел Надал ќе настапат заедно во двојки на Олимписките игри (ОИ) во Париз.

Надал сè уште не се рехабилитирал по повредата, но тренерот на шпанската репрезентација, Давид Ферар кажа дека најтрофејниот шпански тенисер ќе заигра на турнирот.

Освен Алкараз и Надал, за репрезентацијата на Шпанија ќе настапат и Марсел Гранољерс, Алехандро Давидович Фокина и Пабло Карено Буста.