Алкараз им се закани на ривалите: Дојдов да ја одбранам титулата на Вимблдон!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз ќе ја брани титулата на Вимблдон, а тоа го посочи и пред почетокот на третиот гренслем-турнир во сезоната.

Алкараз е трет носител на турнирот, но кажа дека негова главна цел е да го одбрани пехарот.

„Овде сум да ја бранам титулата. Морам да бидам фокусиран секој ден. Се чувствувам добро и исто како да немам повреда на раката, играм и тренирам нормално“, кажа Алкараз.