Алонсо доживеа дебакл на својот „Енфилд“, потоп на Манчестер Сити во Лисабон


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во еден од дерби натпреварите од 4. коло на Лигата на шампионите Ливерпул на „Енфилд“ со 4-0 ја совлада екипата на Баер Леверкузен, додека Манчестер Сити со 1-4 беше поразен во Лисабон од Спортинг.

Црвените можат да бидат единствениот тим со максимален учинок по четири кола, ако Астон Вила утре не победи Клуб Бриж на гости.

Ливерпул во четвртиот натпревар ја оствари четвртата победа и е на врвот на табелата со 12 бода. Иако Бајер не дојде да се брани на култниот стадион, не можеше да се споредува со моќниот состав на Арне Слот.

Гостите од Германија дури успеаја да поведат кон крајот на првиот дел, но ВАР го поништи нивното славје и тоа оправдано бидејќи Џереми Фримпонг играше со рака.

Во продолжението на натпреварот Ливерпул потполно доминираше, а до гол стигна во 61. минута. Кертис Џонс одлично ја поткопа топката и постигна гол.

По тоа, Коди Гакпо постигнува за 2:0. Првично голот беше поништен поради офсајд, но ВАР утврди дека се е чисто и можеше да започне славјето. Гакпо погоди со глава на центаршутот на Мохамед Салах.

Добра шанса имаше Виктор Бонифејс во 69. минута, но беше непрецизен, а на другата страна Храдецки го запре силниот удар на Мак Алистер. Сепак, домаќините дојдоа и до третиот гол. Во 83. минута Луис Диаз постигна нов гол, а нова асистенција запиша Салах. Во продолжение следеше потоп на Апотекарите, бидејќи фантастичниот Диаз стигна до хет-трик.

Во натпреварот од 4. коло на лигашката фаза на Лигата на шампионите, Спортинг на домашен терен ја декласира екипата на Манчестер Сити. Се играше четвртата минута од натпреварот кога Фил Фоден погоди за водство на Граѓаните, но никој не можеше ни да насети што ќе се случи во продолжението. До крајот на првото полувреме Спортинг успеа да изедначи против Граѓаните, а стрелецот на голот беше Ѓекереш во 38. минута од натпреварот.

На самиот почеток на второто полувреме Спортинг постигнува два гола во само три минути разлика и така практично го решава прашањето за победникот. Првично, во 46. минута погоди Араухо по асистенција на Гонкалвеш, а само три минути подоцна од пенал својот втор гол го постигна Ѓекереш.

Крајниот резултат на натпреварот го постави повторно феноменалниот Ѓекереш кој го комплетираше хет-трикот, а интересно, повторно погоди од белата точка.