Алонсо го урна рекордот на легендарниот Шумахер!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Возачот на Алпин, Фернандо Алонсо стана возач кој најдолго е во шампионатот на Формула 1, па така на трката за Големата награда на Азербејџан го надмина легендарниот германски возач, Михаел Шумахер.

Шпанецот дебитираше во Ф1 на Големата награда за Австралија во 2001 година, а од тогаш до трката во недела поминаа 21 година, три месеци и осум дена, додека Шумахер во „најбрзиот циркус“ беше 21 година и три месеци.

Алонсо го осови седмото место во Баку, додека на патеката најбрз беше возачот на Ред Бул и актуелен шампион, Макс Ферстапен.

Шпанскиот возач на 2 октомври на Големата награда на Сингапур би можел да го престигне и Финецот Кими Раиконен и да стане возач со најмногу трки во историјата на Ф1.