Алонсо: Пензија? Ќе возам уште две-три сезони во Ф1


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот светски шампион Фернандо Алонсо кажа дека нема намера да ја прекине својата кариера во Формула 1 во моментов, туку планира да остане во „најбрзиот циркус“ уште две-три години.

Алонсо потпиша договор со Алпин, каде што ќе вози во 2022 година, а сè уште вози одлични, иако има 41 година и во моментов е највозрасен.

„Годините се само бројка, не играат никаква улога. Мислам дека лани возев добро и завршив пред Окон. Ќе видиме што ќе се случи оваа сезона, битката продолжува. Мислам дека можам да се тркам уште две-три години во Формула 1“, вели Алонсон.

Шпанецот најверојатно ќе вози за друг тим следната сезона бидејќи договорот со Алпин му завршува на крајот на годината.