Алонсо по трката во Бахреин: Ова е неверојатно


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фернандо Алонсо имаше неверојатна трка во Бахреин и го освои третото место зад возачите на Ред Бул, Макс Ферстапен и Серхио Перез.

Двократниот светски шампион во Формула 1 по трката беше пресреќен и кажа дека ова е одличен резултат на стартот на новата сезона.

„Да дојдеш во Бахреин и да завршиш на подиум во првата трка од сезоната… Ова е неверојатно. Одлично е тоа што Астон Мартин го заврши во текот на зимата. Иако немавме добар старт на трката, сепак успеавме да се вратиме“, кажа Алонсо.