Алушовски и дефинитивно заминува од Вардар, негова замена ќе биде Вујовиќ?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Актуелниот македонски првак Вардар од следната сезона најверојатно ќе добие нов тренер, зашто договорот на Стевче Алушовски завршува сезонава, а раководството не планира да му ја продолжи соработката.

Засега не се почнати преговорите за нов договор, па Алушовски најверојатно ќе го напушти Вардар, па на клупата се очекува друго познато тренерско име, а најголеми шанси му се даваат на Веселин Вујовиќ.

Алушовски заедно со Вардар сезонава стигна до осминафиналето во Лигата на шампиони, но беа елиминирани од одличниот Веспрем, додека допрва треба да се разигрува во домашното првенство.

Во медиумите се појавија различни шпекулации за тоа кој ќе биде следен тренер на „црвено-црните“, а најголеми шанси за такво нешто има Вујовиќ.