Американците во Токио играле лошо поради топката на ФИБА?!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Американските кошаркари во Токио досега имаат еден триумф и еден пораз, а поразот од Франција беше шокантен за сите бидејќи никој не го очекуваше.

Избраниците на Грег Попович играат многу лошо на Олимписките игри, а имаа и катастрофален шут против Французите, а за тоа сега пронајдоа и причина.

На Американците за лошиот шут им е виновна топката на ФИБА, која во рацете на кошаркарите не одговарала како што треба.

„Тоа е голем проблем. Секогаш зборував дека ФИБА топките влијаат на мојот шут и на останатите кошаркари. Ја мразам таа топка. Имате чувство како да е помала. Сакам да кажам дека механиката на шутот е на основа на меморијата на мускулите, а ти кога ќе ја промениш топката, тогаш тоа станува потешко“, кажа Бел по мечот меѓу Америка и Франција.