Американката Хемпе ќе го носи дресот на Македонија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонската кошаркарска федерација соопшти дека женската селекција добива помош од нова американска кошаркарка, а тоа е 28-годишната Мерит Хемпе која игра за УСК Прага.

Хемпе ќе ја замени Девана Бонер, која се враќа во женската НБА-лига, а треба да се каже дека по завршувањето на Универзитетот Џорџија, Мерит во просек постигнуваше по 9,6 поени и 6,1 скокови.

Американката во текот на кариерата играше уште за германски Кемниц, руски Казаноча, како и шпанските тимови АЕ Седис, Ман Филтер, Енсино и Сарагоса.

Оваа 28-годишна кошаркарка ќе биде дел од квалификациите за Европското првенство (ЕП) против Белгија и Германија кои се играат на 24 и 27 ноември.