Ана Ивановиќ повеќе нема да игра за Србија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Најдобро рангираната тенисерка од Србија, Ана Ивановиќ после поразот од Карла Суарез Наваро на ОИ во Рио денеска изјави дека даде се од себе и дека и беше чест да игра за Србија.

Ивановиќ која неодамна се повлече од ФЕД тимот, денеска рече дека денешниот натпревар и бил последен за Србија.

„Дадов се од себе, во првиот сет бев доста агресивна, таа се врати во вториот, а третиот беше изедначен. Чест ми беше што ја претставував Србија овде, во Лондон, во Пекинг, чест ми беше што играв финале на ФЕД купот. Тоа што повеќе нема да играм за репрезентацијата не менува ништо, каде и да се појавам ја претставувам Србија“ – изјави Ивановиќ