Анчелоти донел (не)очекувана одлука за својата иднина во Мадрид!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанскиот тренер Карло Анчелоти има договор со Реал Мадрид до крајот на сезоната, а во меѓувреме добил богата понуда од Саудиска Арабија, меѓутоа неговите планови се јасни.

Шпански „АС“ пишува дека Анчелоти нема да го преземе Бразил, ниту некој тим од Саудиска Арабија, како што се шпекулираше во изминатите денови.

„Анчелоти е во фаза од кариерата кога парите не му се приоритет, туку репутацијата и почитта што ги ужива во Реал и од управата на клубот и од навивачите“, открива шпанскиот медиум.

Како што беше објавено и вчера, Анчелоти се очекува да потпише нов договор со „кралевите“ во следните недели.