Анчелоти држеше „монолог“, Модриќ остана без текст: Ова ни е најважниот меч!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид вечерва од 21 часот ќе се соочи против Борусија Дортмунд на „Вембли“ во финалето на лигата на шампиони (ЛШ).

Тренерот Карло Анчелоти заедно со Начо и Лука Модриќ се појави пред новинарите на прес-конференцијата.

„Сите знаеме колку е важна Лигата на шампиони. Ова е посебно натпреварување, но и голема одговорност“, кажа Начо.

Потоа главната улога ја презема Анчелоти кој држеше „монолог“.

„Имавме доволно време да се подготвиме како што треба, екипата е фокусирана, ова е најважниот меч оваа сезона“, кажа Анчелоти.

Модриќ немаше што да додаде и посочи дека тренерот Анчелоти веќе кажал сè што мисли за дербито.